Дијаграм

|english|hungarian|macedonian|romanian|slovak|

Следниот дијаграм е одлична алатка на некој да се претстави Евангелието во само пет минути. Научи  го и практикувај го! Овој начин е користен илјадници пати во Унгарија скоро 20 години и сеуште е една од најдобрите  методи за презентација на Евангелието. Подолу има пример за тоа како да се подготвиш , што да кажеш и што да нацрташ.

Преземи PDFверзија за ваша лични стратегија  – PDF (Coming Soon)

 

Најдобар начин да објаснам што е христијанството за мене е со неколку збора преку слика (цртеж, дијаграм)

Што да кажеш

Што да нацрташ, напишеш  …………………………………………

Во почетокот беше Бог. Напиши “Бог“ на горниот дел на листот во средината.
Бог го создаде човекот. Го создаде со тело и  дух. Нацртај круг лево од Бог, напиши “тело“,а потоа нацртај помал круг во истиот и напиши “дух“.
Бог го љубеше човекот и имаше совршена врска со Него. Нацртај линија со стелки на двата краја,помеѓу двата круга и Бог.
Бог не љуби и нас и има прекрасен план за нашите животи. Исус вели: “Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилиие“ Јован 10:10. Во Јован 3:16 вели: “Зошто Бог толку го засака светот, што го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во него да не загине туку да има вечен живот.“ Нацртај долга линија од лево кон десно поврзувајки ги и двата круга и Бог- покажувајки на идеалната врска засекогаш.
Зошто луѓето не ја искусуваат Божијата љубов и неговата замисла за нивните животи? Затоа што…
Човекот е грешен и е одвоен од Бог. Нацртај “Х“ на линијата со стрелки на двта краја (која се наоѓа меѓу двата круга и Бог)-што покажува дека врската со Бог е прекината.
Библијата вели:“Зошто сите згрешија и лишени се од Божијата слава.“Римјаните 3:23 Од двата круга нацртај линија со стрелка надолу и на линијата напиши “Грев“.
“Зошто заслуженото за гревот е смрт.“ Римјани 6:23 На крајот од вертикалната линија (долу лево) нацртај ги истите два круга со тело и дух, но овој пат “кругот на духот“ затемни го, што значи дека духот умира
Значи ова е новиот пат на кој се наоѓаме ние, одвоени од Бог.Ова илустрација покажува дека Бог е Свет, а човекот е грешен. Голема бездна не раздвојува нас од Бог. Нацртај линија од долните два круга со стрелка на десно, паралелно со горната.
Стрелките ни илустрираат дека човекот постојано, со сопствени сили настојува да дојде до Бог и до 100% живот, како на пример, со добар живот, филозофија или религија, но сите негови напори се безуспешни. На долната црта нацртај три стрелки (кои не допираат до горната линија- Бог) од долната линија нагоре кои покажуваат кон Бог
Постои само еден пат за нашата врска со Бог да биде обновена и повторно да ја препознаеме и доживеееме Божјата љубов и замисла за нашиот живот. Исус вели:“Јас сум Патот, Вистината и Животот, никој недоаѓа кај Таткото освен преку мене.“(Јован 14:6)
“Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници.“ (Римјани 5:8) Нацртај крст кој ги  поврзува двете хоризонтални линии.
Запомни го ова: “ Зошто заслуженото за гревот е смрт.“ Но поради Божјата љубов, Тој избра да го испрати својот Син, Исус Христос, да умре на крстот наместо нас за да ја плати казната за нашите гревови.    Исус На себе ја зема казната за нашиот грев. Нацртај затемнет круг на средината на крстот, овој круг го преставува нашиот грев на крстот.
На друго место во Библијата вели “Христос умре за нашите гревови,…беше погребан…и дека воскресна на третиот ден, според Писмата…му се јави на Петар, а потоа и на дванаессетмина. Потоа им се јави едновремено на повеќе од петстотини браќа…“(1Коринтјани 15:3-6)
Исус умре за нас и Тој е жив!

Но не е доволно само да се знаат овие Библиски вистини за да ја започнеме нашата нова врска со Бог. Ние мораме да го примиме Исус како наш Господ и Спасител. Нацртај два круга на “тело и дух“ на врвот од крстот. Не ги затемнувај, со тоа се покажува дека Христос го зема гревот од нас.
Библијата исто така вели: “А на сите што го примија, им даде право да станат Божии деца- на оние кои веруваат во Неговото име.“ (Јован 1:12) Ние ќе имаме нова врска, нашиот дух ќе има ново раѓање. (Јован 3:1-8)
Ние сме родени во нова фамилија, фамилијата на Бог.
Нацртај линија со стрелки на двата краја помеѓу “Бог“ и новите кругови на врвот од крстот. Напиши “Обновено заедништво.“
Библијата вели: “Зошто по благодат сте спасени, преку вера и тоа не е од вас самите- тоа е Божии дар! Не е од делата, за да не се фали некој.“(Ефесјаните 2:8-9) Овој бесплатен подарок, се нарекува милост, и простување на сите наши гревови. Ние го примаме овој дар преку вера за она што Исус го направи, а не поради нашите добри дела. Значи Бог го држи тој подарок кои веќе е платен со многу голема цена, и ти го нуди тебе. Овој подарок не е твој се додека ти не го прифатиш Опционално: Глуми дека им даваш подарок со двете отворени раце… или можеш да нацрташ слика на подарок на листот.
Гледаме дека мораме да направиме избор. Исус вели:“ Еве стојам пред вратата и чукам, ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата , ке влезам кај Него.“ (Откровение 3:20) Нацртај во долниот дел од крстот две линии кои одат во две насоки претставувајки ги двата избора: Ќе го поминеме ли мостот или не.
Ако избереме да го примиме или да не го примиме подарокот една работа со сигурност ќе се случи еден ден…А тоа е дека ќе умреме. После крстот нацртај испрекината вертикална линија, што покажува дека смрта ќе дојде еден ден. Обележи ја таа линија со “смрт на телото“
Ако избереме да ја ставиме нашата вера во Исус, се разбира ова тело еден ден ќе умре, но нашиот дух ќе живее вечно со Бог. Ова се нарекува Рај. На горната хоризонтална линија по испрекинатата нацртај ги двата круга, затемнувајки го надворешниот круг, што покажува дека телото е мртво. Напиши “Рај“
Во спротивно, ако се обидеме да бидеме доволно добри и да го отфрлиме Божииот подарок, во овој случај не само нашиот дух туку и нашето тело е веќе мртво. Потсети се што реков претходно,  дека заслуженото за гревот е смрт. Наместо Исус да ја плати казната за нашиот грев, ние ќе бидеме казнети и одвоени од Бог засекогаш. Ова се нарекува Пекол. Нацртај два круга на долната линија по испрекинатата линија и затемни ги и двата круга. Напиши “Пекол“.
Да сумираме. Што значи да го примиш Христос?Свртување од себичност кон Бог, доверба во Неговото ветување дека ќе влезе во нашите животи, ќе ни ги прости гревовите. Ова не е  само емотивно искуство но е акт на вера, и акт на твoјата воља. Личноста која e овде долу (ја потенцираш доолната линија) е личност која го нема Христос во својот живот. А личноста која е горе (ја потенцираш горната линија) е личност која го има Исус во својот живот. Ова е најдобриот начин што јас го знам за да го објаснам  христијанството. Ако треба ти да се ставиш негде на оваа слика, Каде ти би бил? Каде ти би сакал да бидеш?…Ако сакаш да го имаш Исус во твојот живот, можеш да го примиш со вера преку молитва уште веднаш. Сакам да ти ставам до знаење дека Бог не е многу загрижен за твоите зборови, туку за Него е поважен ставот на твоето срце. —  Можеш да се молиш вака: Господе Исусе сакам да те запознаам. Ти благодарам што умре на крстот за моите гревови. Ја отварам вратата на мојот живот и те примам како свој Господ и Спасител. Ти благодарам што ми ги прости моите гревови и ми подари вечен живот. Превземи ја контролата на мојот живот и направи ме онаков како што Ти сакаш да бидам. —  Ако оваа молитва го изразува копнежот на твоето срце, тогаш моли се со оваа молитва. Исус ќе влезе во твојот живот и ќе имаш лично задништво со живиот Бог.
Advertisements
%d bloggers like this: